Меси и Роналдо во Мајами кај Бекам!

Дејвид Бекам има големи планови со Интер од Мајами. Сопственикот на новиот МЛС клуб би сакал да ги донесе напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и голгетерот на Јувентус, Кристиано Роналд во Соединетите држави.
Интер од Мајами ќе ја започне својата прва сезона во МЛС во недела. Иако во тимот нема некои гоелми имиња се чини дека во иднина би можело да ги има. Во последно време, според наводите на весникот „Спорт1“, има гласини дека во клубот би можеле да се преселат Меси и Роналдо.
„Секој тим во светот би сакал да ги има Меси и Роналдо. Но, секогаш велевме дека ние сме различни од секој друг тим, што е секако она што го кажува секој сопственик на клубот во светот“, рекол Бекам, додавајќи:

„Сакаме да успееме и ако имаме можност да ангажираме големи имиња, тоа ќе биде феноменално. Ние сме среќни што имаме сопственичка група која ја има таа визија, сакаат да бидеме успешни и да бидеме конкурентни, заедно со најдобрите играчи“.
44-годишникот е задоволен од тимот што во моментов го има.


„Имаме доверба во нашиот тим и навистина сме задоволни од нашите играчи. Но, разговаравме за ангажирање големи европски имиња кога ќе имаме можност. Размислувам долгорочно. Сакам да градам традиција за што моите деца за 20 години би можеледа кажат: ‘Татко ми го создаде овој клуб’“, заклучил Бекам.
Интер од Мајами својот прв натпревар во американската лига ќе го одигра в недела од 23.30 часот против Лос Ангелес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ -Го ставила стапот меѓу градите и одиграла одличен потег…

Пејџ Спиранац, популарна американска голферка со хрватско презиме, веќе е прогласен за една од најубавите …