КОРОНАВИРУС: Во Јужна Кореја најголем раст на заразени – 549. во еден ден

КОРОНАВИРУС состојба за 28.02.2020 во 23.15 часот:
Број на заразени:
85.217
Број на починати:
2.924
Број на излекувани:
39.548

Засега единствена заразена со коронавирус, во Македонија, е веќе хоспитализираната пациентка на Клиниката за инфективни болести во Скопје, која со комбе допатувала од Милано во државава. Таа се чувствува добро, и според лекарите, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, веќе влегува во фаза на оздравување.


Светската здравствена организација го зголеми ризикот на „многу висок“ затоа што во моментов се коронавирусот е забележан во повеќе десетици земји низ целиот свет
Бројот на заразени коронавируси во светот е 85.217, од кои 2.924 починале во 59 земји и територии, а излекувани се 39.548 лица.
Претходно во петокот, Светската здравствена организација (СЗО) го зголеми ризикот од коронавирус на „многу високо“, што е највисоко можно ниво отка
Најмногу заразени за еден ден има во Јужна Кореја
Јужна Кореја забележала најголем број заразени за еден ден, со дури 594 нови случаи потврдени во петокот.
Повеќе заразени во Кина
Во Кина се потврдени нови 427. лица заразени со коронавирус, што повеќе од претходниот ден кога имало 327., соопштија кинеските здравствени власти во саботата.
Вкупниот број на заразени досега во Кина изнесува 79.251.
Во петокот од псоледиците од вирусот КОВИД-19, во тој дел на светот починале 2.835 лица. Централната кинеска провинција Хубеи, епицентарот на наездата, објавила 45 нови смртни случаи, од кои 37 во главниот град на таа провинција Вухан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – Починале 22. лица: Денес се регистрирани 718 нови позитивни случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 …