(ВИДЕО) Новинар случајно ги вклучил филтрите па станал трансформер!

Додека ги известувал гледачите дека училиштата се затворени и се издадени предупредувања поради неповолните временски услови, на лицето му се вртеле филтери на вселенска кацига, мачки и волшебници…


Американскиот новинар Џастин Хинтон, во четвртокот известувал за снегот во Северна Каролина. Хинтон за време на преносот случајно ги вклучил филтрите за лице на Фејсбук, кои постојано се вртеле додека известувал, пренесува Mirror.


Додека ги известувал гледачите дека училиштата се затворени и се издадени предупредувања поради неповолните временски услови, на лицето му се вртеле филтери на вселенска кацига, мачки и волшебници…

Целото видео било објавено на страницата на Фејсбук WLOS ABC 13. Кога сфатил дека целиот извештај го направил со филтри на Фејсбук на главата, тој се одјавил со зборовите:
„Сега сум возбуден што го погледнав ова видео и гледам што имав на лицето цело време“, рекол Хинтон кој се пошегувал за својата грешка на социјалните мрежи!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕВОЗМОЖНО НО ВИСТИНИТО – Снимено во Струмица: „Короната се љекува, сељачизмот јок“

На Фејсбук се појави едно необично видео, кое додека го гледате нема да ви се …