(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ – од пораз до победа за финале со Циципас: „Бев во безизлезна ситуација затоа победата има поголемо значење!“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ после победата над Гаел Монфис (2:1) истакнал дека се’ подобро се справува со ситуациите кога противникот има меч топка и тој мора „да вади камења од огинот“.
Новак по сетови триуфираше со 2:6, 7:6 (10:8), 6:1 и се пласира во финалето на турнирот во Дубаи.

View this post on Instagram

Djokovic vs Monfils was EPIC

A post shared by Tennis TV (@tennistv) on

Ѓоковиќ, во дуелот со Монфис, е свесен дека бил далеку под своето ниво, но дека подоцна пронашол начин да слави и да се пласира во финалето на Дубаи.

Првиот тенисер на светот, во финалето, ќе ги одмери силите со Стефанос Циципас.

„Тој е еден од лидерите на следната генерација. Тој стана постојан член на најдобрите пет, или првите десет играчи во светот. Тој е вреден, посветен, многу харизматичен и пристоен млад човек. Тој е многу талентиран и има многу страст кон спортот и играта. Мислам дека тоа е фантастично за нашиот спорт. Не само затоа што игра, туку и заради неговата харизма, карактер и начинот на кој се однесува. Било кој од нас може да победи. Тој е физички способен и очигледно работи многу добро со својот тим. Се надевам дека можам да закрепнам и да ја покажам својата најдобра игра. Ќе морам да започнам подобро отколку што сега и се надевам дека ќе можам да го освојам трофејот“, рекол Ѓоковиќ на прес конференцијата.

Финалето на програмата е во сабота, од 16. часот со директен пренос на Спорт клуб 1.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БРАЧЕН ПАР ОД ШПАНИЈА ЈА ПОБЕДИЛ КОРОНА: Заедно се веќе 65. години – не се одвојувале ниту во болницата

Двајца сопружници од Шпанија, кои живеат заедно полни 65 години, биле отпуштени од една од …