(ВИДЕО+ФОТО) Перфектниот Ѓоковиќ до 79. титула во кариерата!

Новак Ѓоковиќ ја освои својата 79-та титула во кариерата, откако во финалето на АТП Серија 500 во Дубаи го совлада Стефанос Чиципас со 6:3, 6:4.
Тоа е петта титула на Ѓоковиќ во Дубаи и трета оваа сезона, по АТП Купот со Србија и Австралија опен. Ѓоковиќ оваа година има скор од 18:0 , и има вкупно 21. директна победа во низа, сметајќи го и Дејвис купот минатата година.


На патот до титулата, Новак загуби само еден сет, против Монфис во полуфиналето кога спаси и три врзани меч топки, а претходно ги победи Хачанов, Колшрајбер и Јазири.

Ѓоковиќ сега води со 3-2 во меѓусебниот скор со Ченсиас, и Енди Родик останува единствениот играч кој има позитивен резултат со Новак со најмалку пет одиграни меча (5-4). Тоа беше седма победа на Новак над Топ 10 играчи во 2020. година

Следен турнир на кој ќе игра Новак Ѓоковиќ е Индијан Велс кој почнува на 9. март. Тој турнир Ѓоковиќ го освојувал пет пати, последен пат во 2016. година, од кога во Калифорнија не бележел добри резултати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …