(ФОТО) Ново понижување за Меган и Хари: Неочекуваната одлука на владата сите ги изненадила!

Канада одбила да го плаќа обезбедувањето за Меган Маркл и принцот Хари, како и на нивниот син Арчи, откако се преселиле во таа земја и отстапиле од кралските должности.
„Канаѓаните одлучија дека после 31. март повеќе нема да плаќаат за новното обезбедување, а тоа се смета за понижување на славната двојка. Тоа значи дека целодневната заштита на војвотката и војводата од Сасекс и нивниот син Арчи, кое чини милион фунти, ќе ги плаќаат даночните обврзници на Обединетото кралство“, пишува Daily Mail, кој од стартот не и е наклонет на Меган Маркл.


Ова е првпат канадските власти да признаат дека го помогнуваат обезбедувањето на славниот пар откако тие се преселиле во Ванкувер. Синоќа е објавено дека со тоа ќе престанат во почетокот на април бидејќи дошло до „промени во статусот“.
Во Канада постои законска обврска за давање заштита на лицата кои имаат меѓународна заштита. Сасекси во таа земја стасале како членови на кралското семејство, а она што требало да биде обична посета се претворило во трајно боравиште. Канаѓаните во почеток им давале заштита, но откако Меган и Хари одлучиле да останат во Северна Америка и самостојно да заработуваат, Канаѓаните одлучиле да им ја укинат подршката која им ја даваат. Бидејќи на 31. март Меган и Хари службено престануваат да бидат претставници на кралското семејство, со тој датум ќе престане и заштитата.


„Одлуката на војводата и војвотката од Сасекс да се преселат во Канада за нашата влада претставува единствена околност која нема преседан. Кралската планинска полиција соработуваше со британските власти од самиот почеток. Бидејќи војводата и војвотката моментално се лица со меѓународна заштита, Канада имаше обврска да им ја обезбеди. РЦПМ им пружаше подршка од нивното доаѓање во Канада во ноември 2019. година. Таа подршка ќе престане наредните недели, со промената на нивниот статус“, објавиле од владата на Канада.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАМЕСТО ПРЕДНОСТ ДОАЃА КАКО ПРЕПРЕКА – Колку сте попаметни толку сте поосамени: Еве зошто мажите се плашат од врска со паметни и самостојни жени!

Колку се жените попаметните, длабокоумни, толку им е потешко да најдат сродна душа. Тие можат …