(ФОТО) Експертите пред две години предупредиле на “болест икс“: Дали коронавирусот е носител на таа мистериозна и неидентификувана пандемија?

КОРОНАВИРУС
Состојба во светот, 28.02.2020 (во 12.15 часот)
Случаи: 83.877
Починале: 2,867
Излекувани: 36.822
„Од 2003. година, светските патувања со авиони се зголемени за 10. пати, а напорите да се спречи епидемијата се малку обесхрабрувачки“, изјавила таа.
Коронавирусот кој глобално се прошири би можело да биде „болеста икс“ на која експертите предупредиле пред две години
Според зборовите на СЗО таа организација во 2018-та година открила дека се подготвува меѓународна епидемија која ја нарекле „болест икс“.


Професорката Марион Копманс, шефицата на одделението за вируси на Медицинскиот центар во Универзитетот Ерасмус во Ротердам, кажала дека ширењето на Ковид-19, болеста од групата на корона вируси одговара на категоријата „болест икс“.
Станува збор за термин кој СЗО го креирале за непозната болест која на крајот би можела да заврши како пандемија, тврдат здравствените експерти од таа организација.


“Болеста икс“ се наоѓа на листата на болести кои имаат потенцијал да достигнат до ниво на епидемија, а кои се идентификувани за да им помогнат на експертите да се подготват за појавата на новата епидемија по кризата со еболата во западна Африка.
„Без оглед на тоа дали ќе се задржи или пак не, оваа епидемија брзо станува првиот пандемски предизвик кој одговара на категоријата ‘болести икс’“, рекла професорката.
Некои од заразените од коронавирусот немала никаква врска со Кина.
„На тој список имаме низа болести кои исто така ги знаеме како ‘болест икс’. Таа би требало да го предупреди светот да размисли за тоа како да се подготви за оваа болест“, рекла таа.


Меѓу болестите кои се приоритетни на листата се кримската конго хморагиска грозница, ебола, марбуг, МЕРС, САРС, хенапивирусни болести…
„Болест иск претставува сознание дека некои сериозни меѓународни епидемии можат да предизвикаат патоген кој претходно не бил познат, а кој може да предизвика заболување кај луѓето“, наведуваат од СЗО.
Една од најкомплицираните работи кај запирањето на вирусот е 14-дневниот период на инкубација што значи дека симптомите можеби нема да бидат видливи за тоа време.


„Потрошено е драгоцено време на пишување на одобрување за да направиме нешто што одамна требаше да биде направено“, додала таа.
Професорката исто така укажала на тоа дека новиот коронавирус е сличен на вирусот САРС, но дека многу побрзо се шири.
„Од 2003. година, светските патувања со авиони се зголемени за 10. пати, а напорите да се спречи епидемијата се малку обесхрабрувачки“, изјавила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Неготинчани појаки од короната: Одржан традиционалниот Џез фестивал „Jazz 1440“ – Неготино 2020

Синоќа во Неготино, под покровителство на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа традиционалниот џез …