(Рецепт) „Омекнува“ тврди петици и отстранува акни: Погледнете колку е моќен оризот во служба на убавината!

Освен хранливите и здравствени предности, оризот има и своја „бјути“ страна, па така е составен дел на многу козметички препарати…
Оризот е една од намирниците која во домаќинствата на трпезата се наоѓа неколку пати неделно благодарение на благотворните влијанија на човечкиот организам.
Поради големото количество антиоксиданси помогнува во негата на лицето и телото. Влијае на сјајот на кожата, ги ублажува маснотиите и лекува воспалителни процеси како црвенило, алергија и полесни рани.
Богат е со витаминот Б кој го стимулира растот и обвновувањето на клетките, го успорува нивното стареење, што дава блескав сјај и сјаен тен.

Оризова вода како тоник
Ориз и водата, тоа е се’ што ви е потребно сами да го подготвите препаратот за лице, но и за коса. Миењето на лице со вода во која се варел ориз ја прави кожата помека и може да послужи како одлична замена за тоник.

Помогнува при намалувањето на порите на лицето. Ако косата ја измиете со оризова вода ќе добие посебен сјај.
Подготовка: водата во која се варел оризот нанесете ја на лицето и оставете да се исуши. Кога лицето ќе ви биде потполно суво избришете го со вата натопена во дестилирана вода.
Можете да ја користите и за брзинско разубавување на лицето и отстранување на масниот сјај од кожата.

Пилинг од ориз
Ако сами направите пилинг од ориз можете со леснотија да се ослободите од грдите мозолки или болни акни.
За мрсна кожа подгответе пилинг од ориз во комбинација со кафе, сода бикарбона или млеко. Тие ќе ја регулираат природната работа на жлездите задолжени за лачење на маснотиите. Лицето повеќе нема да биде мрсно туку свежо и со сјај.

За многу сува кожа одлично решение е комбинацијата на ориз и маслиново масло.
Маслиновото масло ги отвора порите на лицето а токму поради затворените пори доаѓа до проблеми со самообновувањето. Изумрените клетки кожа можете да ги отстраните и со пилинг од ориз и мед, а користете го и за отстранување на тврдата кожа на петиците.
Половина шоља ориз иситнете и додајте во смеса од 200 мл јаболков оцет и 2 лажици мед. Добро измешајте и смесата втријте ја во тврдата површина на кожата на петиците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Експлозија од вкусови: Подгответе совршен крем колач без печење

Крем колач кој е вистинска експлозија од вкусови. Бисквитот е „фино чоколаден“, а крем полнењето …