Одлична вест за љубителите на кафето: Црниот пијалок е одличен за коските!

“За лицата кои многу пијат кафе, а водат сметка за своето здравје, ова е одлична вест. Кафето е генерално добро за коските…“

Многу се пишува за тоа колку е кафето добро или штетно по нашето здравје.
Тешко е да се замисли почетокот на денот без утринско кафе, а и дружењето со пријателите додека се раскажуваат најновите случки од животот е послатко со овој црн напиток.


Новото истражување објавено на Универзитетот во Хонгконг открило дека оние кои почесто консумираат кафе имаат посилни коски.Истражувањето, во кое учествувале повеќе од 500 возрасни луѓе, покажало дека овие лица имаат поголем процент на минерали во коските, што ги прави посилни, а и помалку подложни на кршење на коски при падови.
“За лицата кои многу пијат кафе, а водат сметка за своето здравје, ова е одлична вест. Кафето е генерално добро за коските. Кога некој следен пат ќе ви приговори што премногу пиете кафе, повикајте се на истражувањето кое зборува за неговото позитивно дејство”, рекол Чед Дил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Експлозија од вкусови: Подгответе совршен крем колач без печење

Крем колач кој е вистинска експлозија од вкусови. Бисквитот е „фино чоколаден“, а крем полнењето …