(ВИДЕО) „Фчерашни новости“ со упатство како да се справите со корона вирусот

Нема место за паника!
Додека сите се во паника и не знаат кај тераат, „Фчерашни новости“ на едно место ги собра најголемите експерти и познавачи на вируси и слично, за да одговорат на прашањето кое ептен го мачи народот, како да се справите со корона вирусот и зошто да не купувате голема количина на брашно.
Менде Гибнатиот подетално ќе ви објасни во најавата за новата епизода, која ќе може да ја погледнете во недела во 19:30 часот, на Канал 5 телевизија.

Воедно, сакаме да ве известиме дека ни е особена чест и задоволство што по четврти пат по ред „Златната бубамара“ за најсатирична емисија ни дојде на гости. Ваквите награди се доказ дека посветеноста и упорноста во нашата работа секогаш вродуваат со плод, како од манифестациите кои тоа го препознаваат, така и од позитивниот исход кај гледачите.

Од се срце ви благодариме и продолжете да не гледате!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) MY SECRET TERRIUS: Во јужнокорејска серија снимена пред две години е опишана борба со корона вирусот!

Корејската серија „My Secret Terrius” која е објавена во 2018. година, а говори за смртоносниот …