(ВИДЕО+ФОТО) Фановите загрижени поради состојбата на тенисерот број еден во светот: „Што се случува со окото на Ѓоковиќ?“

Новак во текот на натпреварите не покажал дека има некаков проблем, а можеби станува и за некаков вид на посериозна повреда.
Може да кажеме дека Новак Ѓоковиќ не се испоти толку многу, но сепак стигна до полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи.
Меѓутоа, постои една работа која особено ги загрижи навивачите на Новак. На социјалните мрежи се појави една загрижувачка фотографија…


Очигледно е дека Новак има проблем со левото око кое било полузатворено, а веројатно станува збор за некоја помала инфекција со која што и претходно се соочувал…


Новак во текот на натпреварите не покажал дека има некаков проблем, а можеби станува и за некаков вид на посериозна повреда. Тој без проблем го одигра целиот турнир, а со оглед на тоа што станува збор за неговиот вид, очигледно дека тој не би ризикувал доколку има некој посериозен проблем.

Неодамна во Мелбурн Ѓоковиќ бараше пауза во текот на натпреварот против Милош Раониќ токму поради проблем со очите поради што неговиот противник малку се налути и протестираше.
Едно е јасно, со какви и проблеми Новак да се соочува, се надеваме дека тоа ќе биде поретко во наредниот период, во походите кон новите трофеи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …