(ВИДЕО+ФОТО) НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ „ЕДЕН НА ЕДЕН“ ВО НЕДЕЛА: Шампионска емисија со Новак Ѓоковиќ и „Медена земја“

„Еден во еден“ во недела навистина не смее да се пропушти…
Многу оскаровски приказни, но и приказни од нивните патувања низ светот, раскажаа Тамара Котевска и Фејми Даут, креаторите на „Медена земја“ во „Еден на Еден“, а ќе ги гледаме во недела во 18.30 на Канал 5. Интересно е што во истата емисија имаме и специјално интервју со Новак Ѓоковиќ за „Еден на Еден“.

„Би сакал наскоро да дојдам во Македонија. Многу слушав за Скопје и за Охрид од моите родители“, порачува тенискиот Ас. Ноле зборува за подготовката за Олимпијадата во Токио, за делот кога ќе го понесат емоциите и лутината и му се случува да скрши рекет и да опцуе, и на други интересни теми.

Тамара и Фејми на Жаре му раскажале каков е Холивуд одблиску, а тој ги пречека со специјален рап, приказна за целата екипа на „Медена земја“ и за Атиџе Муратова.

„Долби тетарот не е толку голем и грандиозен колку што изгледа. Ако за време на рекламите заминеш во тоалет или на пауза и не се вратиш на своето место додека траат, друг ти го зема местото“, раскажа Тамара. Фејми откри и дека требало да помине доста време додека ги придобијат дел од жителите на селото Бекирлија да го снимаат документарецот на нивен терен. „Не маваа со камења, не ни даваа да пиеме од нивната чешма“, рече кинематографот.

Дел од нивните анегдоти се и за оскаровските забави и најавата дека „Медена земја“ и Атиџе наскоро ќе бидат дел од сликовница за деца. Во продолжение погледнете две интересни видеа како најава за шампионската емисија во недела, едното од Ноле, едното од „Медена земја“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) MY SECRET TERRIUS: Во јужнокорејска серија снимена пред две години е опишана борба со корона вирусот!

Корејската серија „My Secret Terrius” која е објавена во 2018. година, а говори за смртоносниот …