(Рецепт) Оваа намирница е вистинско богатство за целиот организам: Го намалува крвниот притисок, ги чува срцето и коските, го регулира варењето!

Една шоља од оваа намирница исто така ви обезбедува 50% од дневните потреби на организмот за калиумот, 2% за витаминот А, 13% за витаминот Ц, 69% за железо, 55% за витаминот Б6 и 57% за магнезиум. Покрај тоа леблебијата содржи и витамин К, фолати, фосфор, цинк, бакар, манган, колин и селениум…

Леблебијата (cicer arietinum) е вид билка од фамилијата „грав“. Таа е мешунка чие семе е најслично на семето на сојата и сушениот грашок. Има два вида леблебија, а тоа се деси и кабула. Сортата деси ја карактеризира ситно зрно и е со темнокафеава боја, додека кабул има покрупно зрно со светло кафеава боја.
За која и од овие две леблебија да се одлучите нема да згрешите. Оваа билка како и останатите мешунки е пребогата со протеини и влакна, а како придружен елемент се витамините и минералите за кои науката има докази дека се од круцијална важност за нашето здравје.
Сите кои ја користат во кулинарството, правејќи многу вкусни и пикатни јадења се запознаени со многу важниот факт кој треба да се сфати „здраво за готово“, дека младата леблебија не се користи! Младата леблебија содржи висока содржина на јаболкова и оксална киселина кои можат да предизвикаат сериозни проблеми на организмот. Затоа користиме плодови од исклучиво зрела билка.

Состав и хранливи вредности на леблебијата
Кога станува збор за биохемискиот состав на леблебијата доаѓаме до податоци дека сушеното зрно на оваа мешунка содржи 23% белковини, 53% јагленигхидрати, 4 – 5% растително масло, 3-5% целулоза и 4% минерални материи.
Една шоља од оваа намирница исто така ви обезбедува 50% од дневните потреби на организмот за калиумот, 2% за витаминот А, 13% за витаминот Ц, 69% за железо, 55% за витаминот Б6 и 57% за магнезиум. Покрај тоа леблебијата содржи и витамин К, фолати, фосфор, цинк, бакар, манган, колин и селениум.
Леблебијата е сигурно еден од најдобрите извори на протеини, влакна, витаминот Б6, железо и магнезиум, за веганите и сите кои се алергични на глутен. Леблебијата е богата и со есенцијални амино киселини. Повеќето намирници кои не се од животинско потекло имаат недостаток на амино киселината метионин, додека на целовитите житарки им недостасува лисин и поради тоа за да го добиете комплетниот „пакет“ на амино киселини леблебијата комбинирајте ја со целовити житарки.
Леблебијата е многу добар извор на железо, дури и варената леблебија содржи двојно повеќе железо од истото количество месо. Количествата калциум во леблебијата се исто така високи и здружена е со белковините кои ја зголемуваат нивната апсорпција. Ако во оброкот се застапени и житарки, таквиот оброк има потполн состав на амино кислеини. Леблебијата има низок глукемиски индекс.
Поновите истражувања кои опфатиле 19 различни култивирани сорти одгледувани под фолија, покажале дека и листовите на леблебијата се исто така вредни за внимание, бидејќи освен што содржат витамини и значајно количество на некои минерали, па така можат да парираат на зелката и спанаѓот.
Содржината на калциум, магнезиум и калиум во листовите на леблебија е поголем отколку во спанаќот и зелката додека содржината на железо, цинк и бакар е доста еднаков.
Резултатите од ова истражување би можело да има големо значење за земјите каде леблебијата се одгледува, а тоа пред се се Индија, Средниот исток и Средна Европа. Во тие земји често е забележан помал недостаток на одредени намирници во исхраната, па листовите од леблебија би можеле да бидат одличен алтернативен извор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тест од 5. секунди открива дали месото е свежо или расипано

Бојата, количината на вода и ишараноста со бели ленти откриваат колку месо стоело на полиците …