(ФОТО) Во кисело млеко додала една намирница и добила еликсир на младоста: Поради бројни благодети го конзумира секој ден!

Кравјото кисело млеко има позитивни ефекти на подобрувањето на имунитетот и јакнењето на целокупниот организам…
Русите се познати како љубители на ферментирани млечни производи како што се јогурт, кефир, кисело млеко бидејќи потврда за нивната делотворност наоѓаат во долговечноста на своите претци од Кавказ кои ги јаделе во огромни количества.

Кравјо кисело млеко
Поради пробиотските култури кравјото кисело млеко е погодно за лекување на проблемите со варењето. Кравјото кисело млеко има позитивни ефекти на подобрување на имунитетот и јакнење на целокупниот организам. Ги спречува болестите на срцето и крвните садови а може да помогне и кај различни кожни заболувања, егземи и парадентоза. Има способност да ги ублажи симптомите на ПМС и е делотворно во борбата со несоницата. Особено се препорачува во исхраната на постарите лица и децата бидејќи спречува настанот на анемија.
Поради пробиотските култури кравјото кислео млеко е погодно за лекување на проблемите со варењето.
Енергетска вредност: 65. калории на 100 грама производ.


Поттикнете го варењето
Потребно е:
10 свежи листови спанаќ
чаша кисело млеко
Подготовка:листовите спанаќ измијте и ставете во блендер, потоа додајте кисело млеко,
блендирајте и испијте го напитокот. Најдобри резултати се добиваат ако овој напиток се конзумира наутро на празен стомак и навечер пред спиење.


Овчото кисело млеко се смета за природен антибиотик и антисептик. исто така содржи витамини од комплексот Б и лецитин, а тие придонесуваат за формирање на здрава кожа и коски, но и’ учествуваат во одбрана на организмот од стрес. Ова кисело млеко има благотворно дејство на растот на косата и зачувување на здравјето на забите.Овчото кисело млеко е помрсно од козјото, па ако планирате слабеење подобро да го одбегнувате.

Исфрлете го вишокот течности
Во шоља овчо кисело млеко додајте исечкана мирудија (копар), магдонос и коријандер. Овој руски еликсир помогнува при задржување на течноста во организмот.


Козјо кисело млеко: Го регулира холестеролот
Козјото кисело млеко е помалку популарно од кравјото и овчото поради својот специфичен вкус и јак мирис. Сепак, тоа е најздрава верзија бидејќи и козата е животно кое е познато по своето добро здравје, издржливост и чистота.
Козјото кисело млеко е полесно за варење од кравјото, па е погодно за исхрана на луѓето кои страдаат од нетолеранција на лактоза од кравјото млеко бидејќи овој протеин го содржи само во трагови.

Козјото млеко е многу побогато со есенцијални амино-киселини и протеини отколку кравјото. Одличен извор е на таурин, што го прави слично на мајчиното млеко. Содржи фосфолипид колин кој ја подобрува оксидацијата на мастите во црниот дроб и ја одржува концентрацијата на холестерол во крвта. Поради тоа козјото кисело млеко се препорачува во лекување на заболениот црн дроб, особено цироза. Русите го пијат многу често бидејќи веруваат дека го јакне имунитетот и ги лекува болестите на плуќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …