(ВИДЕО+ФОТО) Џони Деп лани бил во Србија, неговиот коментар за Балканот е навистина тажен!

Џони Деп, најголемата ѕвезда на 70. Берлинале накое го претставил својот нов филм „Минимата“, кој е снимен во Србија.
Дип во филмот го игра В. Еуген Смит, американски воен фотограф кој во Јапонија во почетокот на седумдесеттите години на минатиот век снимил опасно труење со жива на жителите на Минимата, за кое била одговорна моќна јапонска корпорација.Она што на гледачите им паднало во очи е неверојатната трансформација на Деп за таа улога.


„Кога глумите некого кој блескал во текот на животот, делува како се’ сега да се случува. Беше страстен уметник и ми се допадна што беше со боцки, како човек – кактус. Но, тоа го развил бидејќи бил многу чувствителен. Длабоко ја чувствувал секоја своја фотографија во Минамата. Голема одговорност е да се глуми некој како што е Смит“, рекол за РТС.


Голем дел од екипата која работела на филмот е од Србија, а режисерот на филмот, Ендрју Левитас, вели дека Србија како локација за снимање е феноментална. За членовите на екипата Левитас и Деп имаат само зборови на пофалба.

„Приказните на луѓето кои работеа со нас се далеку од трагедијата од Минамата, но Србија секако, како и целиот регион, видела доволно ужас. Кога го гледаш филмот, нешто мора да почувствуваш, затоа што си приморан во себе да ги видиш тие околности“, рекол Деп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Рики Мартин објавил ретки фотографии од петмесечниот син:„Бебе на куќата!“

Пејачот Рики Мартин и неговиот сопруг Жван Јосеф во октомври минатата година добиле уште едно …