(ФОТО) ДЕСЕТ НАЈБОГАТИ СЕМЕЈСТВА: Имаат повеќе пари отколку Германија, Велика Британија и Франција ЗАЕДНО!

„Убавината е минлива, но дијамантите и парите траат вечно“ е веројатно мотото што го следат најбогатите семејства во светот.
Десетте најбогати семејства имаат шокантен групен приход од неверојатни 3,4 милијарди американски долари, што е еднакво со целиот БДП на Германија, Велика Британија и Франција.
Ова се десетте најбогати семејства во светот.
10. Семејството Думас од Франција, сопственици на марката Хермес, има богатство во вредност од 49,2 милијарди долари. Првите пари за семејството ги заработил покојниот Тијери Хермес во 1837 година. Во 21 век, оваа марка прерасна во глобален моден бренд.


9. Семејството Брин од САД, нивното богатство се проценува на 51,1 милијарди долари. Сергеј Брин е Интернет и технолошки моќник и ко-основач на компании како Google.
Тој во моментов е претседател на матичната компанија Алфабет. Богатството на Брин се дели меѓу неговите две деца. Тој неодамна се разведе од сопругата, Ана Војчицки, која е богата сама за себе, со проценета вредност од 480 милиони долари.


8. Богатството на семејството Амбани од Индија се проценува на 52,3 милијарди американски долари. Дирубај Амбани беше ко-основач на Reliance Industries. Неговото богатство е поделено рамномерно меѓу неговите синови кои денес делуваат како мнозински акционери на компанијата.

7. Семејството Пејџ на САД има богатство проценето на 52,4 милијарди американски долари. Лери Пејџ е ко-основач на Google и сега е извршен директор на Алфабет. Тој го споделува своето богатство со сопругата Лусинда Сатворт и нивните две деца.


6. Семејството Албрехт во Германија има богатство во вредност од 53,5 милијарди долари. Парите ги направиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се основачи на супермаркетот „Алди“. Синџирите сега ги водат нивните деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …