(ВИДЕО) ОТКРИВАМЕ: Поради оваа Македонка се испокараа членовите на жирито на „The Voice of Bulgaria“

Уште една македонска девојка со извонредни гласовни квалитети среќата во музиката си ја бара надвор од татковината…
„The Voice of Bulgaria“ нема забележано таква борба помеѓу членовите на жирито кои сакаа да и бидат ментори. Нема што, искусните бугарски музичари препознаа талент и го „сакаа за себе“ па следеше жестока борба…


Девојката за која се бореа е нашинка, Калина Велковска, веќе докажана на македонската поп сцена но која, со оглед на ситуацијата кога нашето не се цени туку само туѓото, се обидува да направи нешто повеќе во соседна Бугарија…
Погледнете го нејзиниот настап но и борбата на жирито…

Калина Велковска, буквално ги фасцинираше судиите и публиката, изведувајќи ја песната „This World“.
За неколку часа, видеото досега е прегледано преку 17.000 пати, а коментарите се и повеќе од позитивни: „Девојката е дефинитивно фаворит за победа“, „Фантастична изведба“, „Секој тон беше на место“, се само дел од нив.
Инаку, Калина ѝ е позната и на домашната публика. Под името „Кали“, таа објави досега неколку песни, а со „Ти ми зеде сè“, за која направи и видео запис, ја најави својата соло кариера.

Покрај едно од споделуваните видеа на социјалните мрежи го забележавме коментарот на Кристина Петровски Арнаудова, која вели:
„Нашите талентирани музичари продолжуваат да пеат по разни шоуа во Србија, Бугарија, Хрватска… погодете зошто! Зошто кај нас нема ништо од тоа! Никогаш немало а мене ми личи и дека никогаш нема ни да има. Знаете зошто? Нашите медиуми ништо освен кеш и политика не ги занима. Музика за нив е само Гранд и Пинк. Kaly Браво!“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЗА 3. НЕДЕЛИ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ 20 КИЛОГРАМИ: Познатиот глумец Марк Волберг непрепознатлив за новата улога!

Марк Волберг порано бил и модел за Калвин Клајн, но и некој што се придржува …