(ВИДЕО+ФОТО) СО МНОГУ ЕМОЦИИ И БОЛКА: Ванеса Брајант, со очи полни со солзи, првпат јавно зборуваше за саканиот Коби и нивната ќерка Џиана!

Досега Ванеса Брајант се обраќаше преку Инстаграм, онака тивко, со многу болка, се обидуваше да живее со болката дека остана без саканиот сопруг Коби Брајант и ќерката Џиана…
Ванеса Брајант со емотивен говор ги трогна сите присутни на комеморацијата за Коби и Џиана во „Стејпл Центарот“ во Лос Анџелес.
Додека очите постојано ѝ се полнеа со солзи, и тешко доаѓаше до здив, таа се потсети на легендарниот кошаркар и нивната 13-годишна ќерка кои прерано починаа во хеликоптерска несреќа.

За Џиана
Џиана Брајант е неверојатно слатка и нежна душа. Секогаш беше внимателна, секогаш ме бакнуваше за добра ноќ и добро утро.
Во неколку наврати, кога бев апсолутно преморена зашто бев будна со Бјанка и Капри, мислев дека заминала на училиште без да се збогуваме. Ќе ѝ пратев СМС: „Нема бакнеж?“ Џиана ќе ми вратеше: „Мама, те бакнав, но ти спиеше и не сакав да те будам.“ Таа знаеше колку ми значат вечерните и утринските бакнежи.

Таа беше татино девојче, но знам дека си ја сакаше нејзината МАМА. Секогаш ми кажуваше и покажуваше колку многу ме сака. Таа ми беше една од најдобрите пријателки.
Сакаше да пече слатки, сакаше да мами насмевки на сечие лице. Минатиот август, таа направи прекрасна роденденска торта за нејзиниот ТАТО. Тортата на Коби изгледаше како да е декорирана од професионалец…
… Џиџи беше многу компетитивна, како нејзиниот татко, но Џиана имаше слатка грациозност во неа.

Нејзината насмевка беше како сонце. Нејзината насмевка го заземаше целото нејзино лице, како мојата. Коби секогаш велеше дека таа е јас. Таа ги имаше мојот оган, мојот карактер и сарказам, но беше нежна и полна љубов внатрешно. Ја имаше најубавата насмевка. Беше заразна, беше чиста и искрена.
Коби и Џиана природно гравитираа еден околу друг. Таа ја имаше способноста на Коби да слушне песна и да го запомни цел текст само по неколку слушувања. Тоа беше нивен таен талент. Таа беше неверојатен спортист. Беше одлична во гимнастика, фудбал, танц и кошарка. Беше и неверојатна танчарка.

View this post on Instagram

#mambacita 👋🏽👋🏽🏀✈️

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant) on

Џиџи беше самоуверена, но не на арогантен начин. Сакаше да им помага и да ги учи другите луѓе…
… Џиџи беше сонце и ми го осветлуваше денот, секојдневно. Ми недостига да гледам во нејзиното убаво лице. Отсекогаш ги почитуваше правилата, знаев дека секогаш можам да сметам на неа дека ќе го направи правилното нешто. Беше ќерка полна со љубов, внимателна помала сестра и будалеста поголема сестра.

View this post on Instagram

Jersey Retirement 🏀❤️

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant) on

Нема да можеме да ја видиме Џиџи да оди во средно училиште со Наталија и да ја прашаме како ѝ помина денот. Немавме можност да ја научиме како да вози автомобил. Нема да можам да ѝ кажам колку прекрасно изгледа на нејзиниот свадбен ден. Никогаш нема да ја видам мојата малечка како чекори до олтарот, како танцува со татко ѝ, да танцува со мене или да има свои деца. Џиана ќе беше неверојатна мајка.
Џиџи веројатно ќе станеше најдобра во WNBA. Ќе направеше голема разлика во женската кошарка. Џиџи беше мотивирана да го промени мислењето на сите кон жените во спортот. Таа пишуваше на училиште во одбрана на жените и дека не е фер разликата во платите во NBA и WNBA.
Не можам да си го замислам животот без неа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Marella Stories: Катерина Ангеловска за успехот, духовниот развој, и нивното влијание на нашиот стил

Marella Stories ги истакнуваме успешните дами кои се познати не само по своите достигнувања, туку и …