ШТО СЕ’ МОЖЕШ КОГА ТАТКО ТИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД: На синот на Трамп му е дозволено да застрела гризли на Алјаска!

На Доналд Трамп Јуниор, син на американскиот претседател Доналд Трамп, му е дозволено да лови гризли во северозападна Алјаска, соопштиле локалните власти.
Тој е едно од трите лица што барал дозвола да ги лови овие моќни и опасни животни.
“Добиваме илјадници апликации за лов на гризли, но се доделуваат само 27. дозволи. Кој ќе добие дозвола е случајност. Сепак, сега за 27 дозволи аплицираа само три лица”, рекол Еди Грејзер, директор на Одделот за риби и дивеч на Алјаска .
Трамп Јуниор мора да плати 1.160 долари во лиценци и даноци, па потоа ќе има право да убие гризли. Тој често оди на лов, па на интернет објавува фотографии од своите експедиции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …