(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА НА МИК ДОЏ – ОВОЈ ЧОВЕК ПРЕД 30 ГОДИНИ ЗАМИНАЛ ВО ШУМА: Живее во дрво, се лекува со огин и вода, а еве што вели за модерниот свет!

Пред 30 години, Мик Доџ (68) решил да го напушти современиот свет и нашол нов дом во природата на полуостровот Олимпик, недалеку од американската држава Вашингтон.
Ова е приказна за човекот кого го нарекуваат Големото стапало.
Тој ја помина својата младост патувајќи во Соединетите Држави и светот со неговиот татко, маринецот Роналд. Матурирал на средното училиште Кубасаки во Окинава, Јапонија. Никогаш не студирал, но, како што вели, многу сака да чита книги.
Работел како механичар на големи бродови кога, како што вели, ги соблекол чевлите,и решил да оди бос и се упатил кон дивината.
Со бегството во природата, тој започна „истражување на физичката активност“ и со текот на годините исчезнале неговите хронични проблеми – болка во нозете и грбот, а срцето му е во многу добра форма уште од моментот кога станал босоног номад.


“Нозете ме болеа. Имав искривени, деформирани стапала и нозе. Тоа ме болеше толку многу што едвај одев а секогаш шетав и трчав за да се справам со стресот на современиот живот, да најдам смисла. Отидов дома да ги излекувам нозете. Следејќи ги нозете исчекорив од изолацијата на современиот свет и слетав на земјата. Резултатите дојдоа брзо. Не само што нозете ми оздравеа, болката во грбот, вратот и најдобро од се болката во срцето исчезна, повеќе не бев во слепа трка, исчекорив од седечкиот, стресен полн со седативи живот во современиот свет “, вели живописно Мик Доџ.
Тој редовно вежба во природа. Наместо тегови и скапа опрема, тој користи камења и дрвја, често пешачи, па дури и ги учи учениците за неговиот животен стил. Луѓето со кои се среќава често му позајмуваат книга.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МАЛАТА МАРГАРИТА НАЈМЛАДИОТ ВДОМУВАЧ ВО ЛАЈКА

Малата Маргарита која наскоро ќе полни 2 години е најмладиот вдомувач на кученце од јавното …