(ВИДЕО+ФОТО) Запрел случајна минувачка да ја пее „Shallow“: Се шокирал – Никогаш не знаете каде се талентите!

„Гага треба да ја види оваа изведба, а ние мора да ја најдеме оваа жена затоа што, таа и тоа како знае да пее“, напишале коментаторите на социјалните мрежи додека не знаеле дека е откриен нејзиниот идентитет…
Британецот Кевин Фрешвотер шетал низ Лондон запирајќи луѓе на улица. Тој ги замолувал да ги завршат стиховите. Некои го одбиле, пцуеле, се колнеле дека немаат време да се справуваат со ‘глупости ’,а некои ги завршиле стиховите и пееле, а потоа тој налетал на Шарлот Ејбери (30), која автоматски станала сензација.

Таа ја испеала песната ‘Shallow’, која во филмот „Ѕвездата е родена“ ја пеат Лејди Гага (33) и Бредли Купер (45).
Таа авторот на снимката го оставила во шок затоа што го погодила секој тон. Видеото собрало 24. милиони прегледи за еден ден на Твитер.


Сепак, ова не е прв пат да се слушне за Шарлот. Случајниот минувач е всушност пејачка и честопати споделува видеа на Инстаграм во кои пее познати хитови. Јавноста веќе слушнала за Ејбери пред тоа кога објавила како ги пее „Over the Rainbow’ Judy Garland, ‘Chandelier’ Sie, ‘Purple Rain’ Princa…

View this post on Instagram

#princecover #purplerain #live swipe right

A post shared by Charlotte Awbery (@charlotteawbery) on

„Гага треба да ја види оваа изведба, а ние мора да ја најдеме оваа жена затоа што, таа и тоа како знае да пее“, напишале коментаторите на социјалните мрежи додека не знаеле дека е откриен нејзиниот идентитет. Инаку, Шарлот пее на свадби, а следбениците се надеваат дека таа сега ќе стане позната, дека ќе добие свои песни со кои сите ќе не воодушеви.

View this post on Instagram

Marie’s 60th! X

A post shared by Charlotte Awbery (@charlotteawbery) on

„И треба помош во градењето на нејзината кариера. Па, гледате колку брзо се рашири видеото, така и нејзината песна. Чудо е“, напишале тие.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО Галерија) Северина некогаш и сега: „На неа единствено младежот е природен…“

„Северина ги пополнувала усните, брчките околу усните, ги подигнувала јагодиците и ботоксирала челото помеѓу веѓите и …