(ФОТО) Деталите од обдукцијата на Витни Хјустон откриваат нови детали од животот на славната пејачка:Бегството од злоупотребувањата во детството го пронашла во кокаин!

Не е тајна дека пејачката Витни Хјустон имала многу проблеми во нејзиниот приватен живот, од употреба на дрога до членовите на семејството кои ги контролирале неа и нејзиниот сопруг, пејачот Боби Браун (49), која наводно била навсилен кон неа. Покрај тоа, таа, наводно, била злоупотребена од нејзиниот роднина Ди Ди Варвик, кој починал на 67-годишна возраст.


Неодамна сепојавиле деталите за обдукција на една од најголемите поп-sвезда и ја откриваат застрашувачката медицинска состојба на пејачката во време на нејзината смрт. Хјустон имала проблеми со срцето, проширена артерија и девијација на септумоткако последица од употребата на кокаин.
Кога пејачката била пронајдена мртва во када во хотел, во нејзиното тело биле пронајдени дури девет различни лекови. Исто така, на внатрешниот лев лакт биле откриени траги од игла, како и лузни на дојката кои се резултат на импланти.


Сепак, она што најмногу ги изненадило лекарите била вилицата на пејачката. Според извештајот, на Витни наводно и недостасувале 11. предни заби и носела протеза. Тина Браун, сестра на поранешниот сопруг на Витни, Боби Браун, тврди дека забите на пејачката испаднале како резултат на прекумерното конзумирање на кокаин.
„Ги губеше забите насекаде. И дома и кога беше издрогирана надовр“, изјавила Тина уште во 2006. година, додавајќи дека Витни постојано морала да нарачува вештачки заби, за кои пејачката знаела да плати 6.000 долари.


Пејачката имала имиџ на „добра девојка“ сè додека во 1992. година не започнале проблемите по нејзиниот брак со Браун. После тоа, нејзиното однесување се сменило и, според американските медиуми, таа започнала да доцни на интервјуа, снимања, одеднаш откажувала концертите и гостувања во емисии.
Потоа започнале шпекулациите за нејзината употреба на дрога, а во 2000. година, обезбедувањето на аеродромот во Хаваи на неа и нејзиниот сопруг им пронашло марихуана во багажот. Сепак, обвиненијата против сопружниците биле отфрлени. Во 2002. година, Хјустон зборувала за зависноста од дрога и бракот.


„Прво, да сразјасниме една работа. Крекот е ефтин. Заработувам премногу пари за да го пушам. Значи, да разјасниме. Крекот е лош“, објаснила пејачката.
Додека ја негирала употреба на евтиниот крек, Витни признала дека пие алкохол и зема кокаин, апчиња и пушела марихуана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се чувале за брак: Славни парови и нивната одлука за секс дури после олтар!

Сексуалниот однос е исклучително важен чин за некои дами и мажи на јавната сцена, и …