(Рецепт) Чај за слабеење од македонски билкар: За 2. месеци намалување и до 20. килограми!

Често посегнуваме по нешто популарно без да знаеме дека лекот ни е во близина…Рецептот за чај за слабеење на Мартин Најдовски од Велес е едноставен и се подготвува од секојдневни состојки и секому е достапен…
Мартин Најдовски од Велес е познавач на билките и веќе повеќе години се занимава со проучување на природната медицина. Тој го открива рецептот за подготовка на чај кој лично го испробал на себе и со чија помош ослабнал 20 килограми.
Тој напоменува дека чајот не делува како со волшебно стапче, меѓутоа доколку се внимава на исхраната и се зголеми физичката активност, значително го забрзува метаболизмот и овозможува топење на масните наслаги.
Мартин има и своја Фејсбук страница “Лилма”, на која луѓето секојдневно му се обраќаат и го прашуваат во врска со билките и нивната помош за разни заболувања.

“Со овој чај јас ослабнав 20. килограми за 2. месеци. Но, и покрај чајот треба да се внимава на исхраната и да се практикува секојдневна физичка активност”, вели Најдовски.
Лек за Слабеење
Потребни состојки:
500 мл вода
1 супена лажица магдонос свеж
1 супена лажица зелен чај
6 ловорови листови
1 стапче цимет
1 прстофат ѓумбир во прав
1 лимон


Подготовка:во сад се вари 500 мл вода и откако ќе зоврие, се става: 1 супена лажица магдонос свеж (не смее да се додава ако лицето има низок притисок). Се додава 1 супена лажица зелен чај и 6 ловорови листови.
Се додава и 1 стапче цимет, доколку вишокот килограми се резултат на конзумирање на слатки и благо, во тој случај, циметот ги регулира шеќерите и притисокот (ова е по потреба, доколку сакате).
Сите овие билки се ставаат во водата и отстојат 20-тина минути, поклопено.


Потоа, во оваа смеса се додава на врвот на лажиче ѓумбир во прав и кога сосем ќе се излади може да се додаде и сок од 1 лимон.
Се процедува и се пие по една шолја наутро и навечер. После 7 дена секојдневна консумација се прави пауза од 2-3 дена, па се повторува со истиот редослед (7 дена консумација и 2-3 дена пауза).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

 ФитКит со иницијативата #ВежбамОдДома ти помага да останеш фит и во време на изолација

Во време кога изолација е повеќе од потребна, мобилната апликација ФитКит се приклучува кон иницијативата …