Последиците не ги интересираат: Овие хороскопски знаци се впуштаат во љубовна врска на работа!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Експертите за КАРИЕРА советуваат дека работата треба да се одвои од приватниот живот. Брзината на современиот живот ја комплицира оваа задача, а еден погрешен чекор го одложува долгогодишниот напор.
Некои луѓе намерно ги мешаат работата и емоциите со желбата да ги подобрат едноличните денови на работното место. Исто така, многумина се возбудени од опасноста да бидат фатени.
Проблемот се појавува кога недостаток на концентрација ја намалува продуктивноста. Мислите летаат кон појави што не се поврзани со работата, а енергијата бадијала се троши. Газдите имаат чести забелешкии а постои и лоша репутација во колективот.
Симпатиите помеѓу две лица во иста канцеларија создаваат непријатност за целата околина. Кавгите и прекините го прават деловниот однос неподнослив, така што порано или подоцна некој мора да најде нова работа. Ако деловната политика им забранува на вработените да се забавуваат со колегите, престапниците често уживаат во улогата на бунтовници. Сепак, колапсот на љубовта предизвикува непријатност што го прогонува „грешникот“ со денови.
Овие хороскопски знаци најчесто паѓаат во искушение:


1. Близнаци
Овие се пријателски луѓе кои сакаат да го споделат работниот простор со интересни лица. Емоциите создаваат погрешна слика за околината, така што се случува да ја преминат границата на деловниот однос. Најчесто тоа се случува ненамерно затоа што Близнаците сакаат да воспостават подлабока врска со своите соработници. Кога ќе најдат личност која ги разбира, тие создаваат силна врска на интелектуално и емоционално ниво а потоа ги ослободуваат сите сопирачки.

2. Овен
Овни се страсни, но понекогаш премногу се грижат за последиците од нивните постапки. Кога тие навистина сакаат да бидат со некого, нема многу двоумење. Потоа ја преминуваат линијата помеѓу деловното и приватното.
Напливот на страст и емоција најмногу се одразува на нивната продуктивност. Ако друштвото на супериорна личност им одговара, тие нема да размислат многу за штетата што произлегува од аферата со нивниот шеф.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ШТО Е СИГУРНО – СИГУРНО Е – ПОРАДИ КОРОНА КАМПУВА ВО СВОЈОТ ДОМ: Екстремните мерки на американски пулмолог го воодушевиле светот!

Д-р Тими Ченг, лекар од Калифорнија, е специјалист за белодробни заболувања и во моментов, како …