(ФОТО) Таткото на Ѓоковиќ тврди:„Најголемиот тенисер во историјата, Федерер е љубоморен на Новак!“

Срѓан Ѓоковиќ уште еднаш се осврнал на ривалството ан својот син и Роџер Федерер, најуспешниот тенисер на сите времиња.
Ѓоковиќ постариот верува дека Новак ќе го преземе статусот на Федерер како најголем играч во наредните години. Неодамна српскиот тенисер го освои 17-ттиот гренд слем и сега има три помалку од носителот на рекордот, Федерер.
“Тој ми рече, тато, оваа година направи витрина за сите четири Гренд слем пехари. Новак не само што ќе биде најдобриот на сите времиња, тој ќе биде најдобриот досега. Тој ќе биде најдобар и покрај анимозитетот што го има англосаксонскиот западен свет кон него. На терен ќе им покаже колку грешат, веќе сега е најдобар и има најдобар омер со ривалите“, изјавил Срѓан Ѓоковиќ за „Новости“.

“Несфатливо е што Новак никогаш не доби награда за фер-плеј. Секоја година, тие ја доделуваат таа награда на Федерер. Доволно е да се спореди како се однесува кога губи и како се однесува Новак. Секогаш кога ќе изгуби, Новак му честита на својот ривал и му вели: ‘Браво, мајсторе, беше подобар’. Федерер е одличен тенисер, но тоа не може да се каже за неговата човечност. Тој е љубоморен на Новак од моментот кога се појави затоа што знаеше дека е подобар од него и ќе го надмине”

Срѓан, исто така, открил дека семејството на Ѓоковиќго погодува статусот кој го има Новак во Англија, Австралија и САД.
“Од друга страна, шест седмини на светот го обожава. Неговата популарност во Кина, Јапонија, Индија, Русија, Јужна Америка е огромна … Со што Новак, како седумкратен шампион на Австралија опен, заслужува 90% од стадионот да навива против него?”

Новак неодамна беше нападнат затоа што пееше српски песни, а извесно време беше под напад затоа што јавно ја поддржуваше репрезентацијата на Хрватска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Белгискиот нобеловец категорично тврди: Кога вака постите, телото може да се избори со рак и деменција!

На вас е што јадете и кога јадете, но научните истражувања велат дека е подобро …