ШОК ОТКРИТИЕ – БРИТАНСКИ КАРДИОЛОГ ЈА ВОЗНЕМИРИЛ ЈАВНОСТА: Мастите го чуваат здравјето!Доктор Малхотра ги охрабрува пациентите да јадат маснотии!

Безброј пати досега сме слушнале дека маснотиите се штетни за здравјето, затоа што ги затнуваат артериите, го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, предизвикуваат дебелина…
Но, британскиот кардиолог д-р Асим Малхотра го тврди токму спротивното. И далеку од тоа дека е единствениот!
Поточно, новите истражувања покажуваат дека непријател број еден на вашето тело е шеќер. Покрај тоа, д-р Малхотра тврди дека полномрсните производи се добри за здравјето и има многу докази кои покажуваат дека маснотиите не само што не предизвикуваат проблеми со срцето, туку исхраната која вклучува пономрсни млечни производи штити од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Д-р Малхотра ги охрабрува своите пациенти да јадат маснотии, но да избегнуваат „лајт“ производи.
„Ги советувам да јадат храна полномрсни производи и намирници кои содржат заситени маснотии. Кога ќе им кажам да се држат настрана од се’ што би требало да го намали холестеролот, тие ме гледаат со отворена уста“, вели кардиологот.
Тој исто така објаснил дека сите производи кои наводно го намалуваат холестеролот го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, додавајќи дека маснотиите не се (главен) виновник за дебелината.


„Избегнував производи со маснотии, тренирав, но сепак имав сало на стомакот. Тогаш започнав да го истражувам влијанието на маснотиите врз здравјето“, вели лекарот.
Д-р Малхотра тврди дека најголема опасност по здравјето е шеќерот, а професорот педијатар Д-р Роберт Лустиг се согласува со тоа. Исто така, тој го проучувал ефектот на маснотии и шеќер врз дебелината на децата и заклучил дека производите што содржат шеќер треба да имаат истакнати предупредувања, како цигарите или некои алкохолни пијалоци.
Постојат сè повеќе експерти кои веруваат дека главниот виновник за прекумерната телесна тежина и цел број на поврзани болести не се маснотиите, туку шеќерот.

„Не се дебелеете од маснотии, исто како што не станувате зелени од зеленчукот што го јадете“, истакнува кардиологот, а д-р Гери Тобс предупредува дека маснотиите немаат никаква врска со калориите, туку со она што го јадеме.
Ова е поткрепено со фактот дека околу 23% од населението во Шведска се придржува на диета која вклучува храна со полномрсни маснотии и што е можно помалку јаглени хидрати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Експлозија од вкусови: Подгответе совршен крем колач без печење

Крем колач кој е вистинска експлозија од вкусови. Бисквитот е „фино чоколаден“, а крем полнењето …