(ФОТО) Адел во спортско издание ја покажала витата фигура

Адел не се огласува, но затоа медиумите во САД и Велика Британија постојано пишуваат за нејзината неверојатна трансформација.
Пред само еден месец, таа се појави на плажа со својот син, покажувајќи колку е тенка. Позната по своето полно тело, пејачката со раскошен вокал успеа да шокира дел од јавноста и да биде предмет на осуда, па дури и потсмев бидејќи изгуби 40 килограми.


Славната Адел сега повторно се појавила во јавност и папараците забележале како изгледа во спортско издание. Облечена во хеланки, џемпер, капа и патики, пејачката покажа совршено витка линија.

Медиумите објавиле дека причина за нејзиното слабеење е тоа што сака да биде секогаш достапна и енергична за нејзиниот син Ангел.

И’ додека медиумите пишуваат за нејзиното тело, сè уште нема информација кога пејачката ќе објави нови песни што публиката низ целиот свет со нетрпение ги очекува веќе неколку години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БРАЧЕН ПАР ОД ШПАНИЈА ЈА ПОБЕДИЛ КОРОНА: Заедно се веќе 65. години – не се одвојувале ниту во болницата

Двајца сопружници од Шпанија, кои живеат заедно полни 65 години, биле отпуштени од една од …