(ВИДЕО) Поради невремето надошла река: Сурферите искористиле да се забавуваат!

Минатата недела големо невреме, од Атлантикот, ја погоди Европа.
Олујата Кијара оставило пустош и човечки жртви, но за некои тоа била одлична можност да се забавуваат.
Најголема штета е направена на државите од северна Европа, а метеоролозите во Англија и Шкотска и натаму предупредуваат за опасности од поплави.
Спотот, кој се појави на Фејсбук претходно оваа недела, покажува подивена река во областа Корнвол во југо-западна Англија. Водата се разбранувала поради лошите временски услови, а бројни минувачи гледале кон мостот во градот Буд. Видеото ги прикажува сурферите во еден момент што се спуштаат кон мостот со голема брзина и минуваат под неговите сводови.

Bude river surfing

Bude river surfing. Making the most of the giant swell and big tides to surf up the river in Bude. Some top skills negotiating the bridge! Great video by @paul.pearse.58

Gepostet von CARVE Surfing Magazine am Dienstag, 11. Februar 2020

Еден локален весник наведува дека сурфањето по речни бранови не е невообичаена појава во Корнвол. Тука се наоѓа едно од најпопуларните места за сурфање во Велика Британија. Тоа е реката Северн што поминува покрај градот Глостер. Водата истекува кон заливот, што е всушност нејзиното устие во Атлантскиот океан. Кога ќе дојде плимата, тука се формираат големи бранови и сурфери од цела Британија го обожаваат, пишува Фокс.
Невремето Кијара предизвика огромна штета на источниот брег на САД минатата недела, при што ветровите дуваа со околу 160 километри на час. Неколку смртни случаи се забележани и во Европа, при што невремето најмногу ги зафати Велика Британија, Германија, Полска, Шведска, Чешка и Словенија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ШТО Е СИГУРНО – СИГУРНО Е – ПОРАДИ КОРОНА КАМПУВА ВО СВОЈОТ ДОМ: Екстремните мерки на американски пулмолог го воодушевиле светот!

Д-р Тими Ченг, лекар од Калифорнија, е специјалист за белодробни заболувања и во моментов, како …