(ВИДЕО) Елтон Џон плачејќи ја напуштил бината среде концерт:„Не можам повеќе да пеам!“

Елтон Џон, во неделата, морал да го прекине концертот во Оукленд, Нов Зеланд, откако го издал гласот, па сцената ја напуштил во солзи.
„Потполно го загубив гласот. Не можам да пеам. Многу ми е жал“, рекол напуштајќи ја сцената додека публиката го испратила со овации.

Потоа, пејачот на Инстаграм објавил дека му е дијагностицирано благо воспалување на белите дробови, но тој и покрај болеста решил да настапи.

Гласот го издал во моментот кога се подготвувал да го испее својот хит „Daniel“.
„Свирев и пеев со цело срце се додека гласот не ме издаде“, напишал на Инстаграм.
„Разочаран сум, длабоко трогнат, тажен“, напишал и се заблагодарил на присутните на „извонредната подршка“.
Елтон Џон планира да одржи уште концерти во Оукланд, во вторник и четврток.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од корона вирус починал американски пејач: Пред два дена открил дека е заразен

Американскиот кантри пејач Џо Дифи кој врвот на кариерата ја доживеал во ’90, починал по …