(ФОТО) Се омажила Лејди Гага; Рекла „ДА“ на јахта

Американските медиуми пренесуваат дека поп ѕвездата Лејди Гага во тајност се омажила за Мајкл Полански, бившиот инвеститор кој моментално работи како извшрен директор на фабриката „Parker Group”.
Мајкл и подарил прстен на пејачката, а само неколку часови после свршувачката, се венчале на луксузна јахта.
Таа вест ја потврдил и’ извор близок до Лејди Гага, кој открива дека церемонијата била божествена и дека уживале. Покрај тоа што пловиле во брачните води, изворот открива дека Гага и Мајкл се подготвени за бебе, за што веќе подолго време се шушкало.

„ОК!“ пренесува дека Гага носела бел фустан, а дека Мајкл се расплакал кога ја видел. Парот, како што се наведува, венчаните завети ги напишал на салфетки, а на церемонијата присуствувала и мајката на Гага, како и неколку членови на семејството и блиски пријатели.

Гага пред само 10. дена објави дека е повторно среќна во љубовта кога на Инстаграм објави фотографија со Полански.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ИН МЕМОРИАМ: Почина Васил Ангов, музичар, пејач – трета жртва на ковид во Гевгелија

Почина познатиот македонски пејач и инструменталист Васил Ангов Синоќа, пред полноќ (23 октомври 2020) престана …