(ФОТО) Лежерна прошетка покрај брегот се претворила во стравична семејна трагедија

Лежерната прошетка покрај морето се претворила во најлошиот кошмар за семејство од Орегон. Ејми и Џереми Стајлс, со своите две деца, седумгодишната Лола и четиригодишниот Вилијам, шетале по популарната плажа Канон, Орегон, кога одеднаш биле зафатени од екстремно големи бранови, познати како „sneaker wave” (во слободен превод патила бран) и ги вовлекле назад во океанот. Овие бранови, кои често се случуваат без предупредување, може да траат околу дваесет минути и да достигнат висина од 45. метри. Тие се многу чести на западниот брег во САД.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, ги пронашле Стајлсови како се борат да се вратат на брегот.Еден полицаец успеал да ја извади Лола од морето, но за жал, таа починала кратко потоа во болницата. Вилијам не е пронајден до денес, а таткото на децата сè уште се опоравува од ефектите на хипотермија.
Мајката на децата, Џејми, на Фејсбук им се заблагодарила на сите за поддршката што ја добиваат од целиот свет.
„Не сум добро сега, но јас сум на терапија и се надевам дека еден ден ќе дојдам до нова ’нормална состојба’“, напишала Џејми, продолжувајќи: „Ги читам секој коментар и секоја порака што ни ја праќате и се чувствувам како сите помагате да се обидеме некако да ги поврземе нашите срца. Сигурна сум дека Лола и Вилијам се насекаде околу нас и нè опкружуваат со својата огромна енергија додека се обидуваме да го најдеме патот низ овој хорор. Моите бебиња отсекогаш биле во авантуристичко расположение и знам дека сега заедно тргнаа заедно на најголемата авантура“.


Words cannot express how grateful I am for the outpouring of love and support to my family. I am not ok right now but am…

Gepostet von Jamie Stiles am Mittwoch, 15. Januar 2020


Сабрина Фламое, директорка на основното училиште „Вестал“ во Портланд, каде Лола одела во прво одделение, го опишало девојката како крајно чувствително и интуитивнао.
“Лола можеше да почувствува кога другите деца беа тажни или несреќни”, рекла Фламое, заклучувајќи: “Таа ќе ја минеше целата соба и ќе го гушкаше тоа друго дете или ќе му подадеше рака. Ќе ја паметиме во нејзиното нежно и емпатично срце”.
Почетокот на годината е инаку познат по големи и опасни бранови и на многу плажи низ САД се советува голема претпазливоста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве кои се симптомите на најчестите форми на деменција

ИМА дури 200 различни форми на деменција, а четири се најчести кај пациентите. Деменцијата е …