(ФОТО) Елизабет Харли со жешка фотка покажала дека е фит како 20. годишна девојка

Елизабет Харли (54)  скоро секој ден објавува фотографии во бикини. Затоа решила своите обожаватели да ги израдува со жешка фотка за Денот на вљубените.
Познатата актерка избрала корално бикини а рамниот стомак го ставила во преден план.
„Среќен Денот на вљубените“, им посака на следбениците со емотикон срце.
Се разбира, многумина веднаш го пофалиле нејзиниот фит изглед, што може да посрами некои двојно помлади жени.

View this post on Instagram

Happy Valentine’s Day ❤️❤️❤️❤️

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

„Сè уште сте неверојатни“, „Јас сум 20 години, но не сум никаде во близина на оваа линија“, и ласкале нејзините фанови.
Харли уверува дека овој изглед не е резултат на генетиката, туку на здрав начин на живот. Таа поминува многу време во природа. Вежба, шета со кучиња и се релаксира, а нејзината исхрана се состои од нутритивно богати намирници.
Станува во 7:30 часот наутро и веднаш прави клекнувања додека ги мие забите. Таа истата рутина ја повторува попладне. По појадокот, таа ги зема своите две кучиња и оди на прошетка од половина час.
„Одам малку побрзо, но не трчам.Само колку да се забрза срцевиот ритам“, рекла таа за списанието Women’s Health

View this post on Instagram

Party time #India #bombaynights ❤️

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

„Свежиот воздух гме ослободува од сите тензии“, додава таа, истакнувајќи дека ова е причината зошто има многу мала шанса да ја сретнете во теретана. Понекогаш вежба Пилатес или јога, но најмногу кога патува и има повеќе време.
Што се однесува до исхраната, таа пие две чаши топла вода наутро на празен стомак, а потоа јаде грчки јогурт со банана и мед. За ручек јаде супа од зеленчук и за вечера пилешко и многу зеленчук.

View this post on Instagram

😘😘😘 #elizabethhurleybeach

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БРАЧЕН ПАР ОД ШПАНИЈА ЈА ПОБЕДИЛ КОРОНА: Заедно се веќе 65. години – не се одвојувале ниту во болницата

Двајца сопружници од Шпанија, кои живеат заедно полни 65 години, биле отпуштени од една од …