(ВИДЕО) Прв Ден на вљубените на Ванеса без Коби:„Ми недостасуваш, засекогаш твоја!“

Ванеса објавила фотографија со починатиот сопруг со песната „Tell Him“ на Лорен Хил. Нејзините следбеници биле трогнати со објавата. И пишувале дека вистинската љубов никогаш не престанува…
Ванеса Брајант (37) го минала првото Валентиново (Ден на вљубените) без својот сопруг Кобе кој трагично загина во хелихоптерска несреќа која го шокираше светот.
На социјалните медиуми објавила нивна стара фотографија со емотивен опис.
„Ти си мој Валентин засекогаш. Толку многу те сакам. Толку многу ми недостасуваш на овој, твојот омилен празник. Засекогаш ќе те сакам. Ви испраќам бакнежи тебе и на Џиџи во рајот.Среќно Валентиново, мои бебиња. Засекогаш твоја боо боо“, напишала Ванеса.

Со фотографијата ја објавила и песната „Tell Him“ на Лорен Хил. Нејзините следбеници биле трогнати со објавата.
„Вистинската љубов трае засекогаш“, и напишала инфлуенсерката Мариа а коментирала и Клое Кардашијан (35).„Те сакам Ванеса. Твојата љубов ќе трае засекогаш и секогаш“, рекла Клое.


Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, која загинала со него, се погребани минатиот петок во Лос Ангелес.


Кобе и Ванеса се сакале дваесет години, а тој во интервјуата често истакнуал дека таа е неговата прва и единствена љубов, најголема подршка и најдобар пријател. Заедно ги имаа ќерката Наталија (17), Бјанка (3) и Капри (седум месеци) и починатата Гиана (13).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …