(ВИДЕО) „Еден на еден“ домаќин на Тино и Атанас кои ќе се претстават како Заев и Мицкоски!

Дел од шоуто што не смеете да го пропуштите ќе биде и надсинхронизацијата на Атанас и Тино, тие ќе бидат во улогите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе му бидат гости на Жаре во новата Еден на Еден, во недела, на Канал 5 телевизија од 18.30.
„Нѐ препознаваат, сѐ повеќе од театар, веќе не само од Златна Бубамара. Еднаш, во диско еден од обезбедувањето се фалел: Еј, знаеш кого видов сношти, оние Тони и Део“, раскажаа глумците во свој стил.

Дел од шоуто што не смеете да го пропуштите ќе биде и надсинхронизацијата на Атанас и Тино, тие ќе бидат во улогите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Плус, Жаре им смисли и интересна игра, асоцијации со полна уста. Оригинална приказна за целата македонска естрада и уште неколку познати личности ќе раскаже Тино во рапот „Доуп естрада“.

Дел од новата Еден на Еден ќе биде и босанскиот пејач Божо Вреќо, а ќе слушнеме и една хумана приказна од Борче Стаменов од Кавадарци кој поправа стари компјутери и ги донира на млади кои не можат да си дозволат да ги купат. Пред емисијата во недела, погледнете ја надсинхронизацијата на Тино и Атанас:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „Еден на еден“: Жаре повторно од дома со прогнози од доктори за траењето на пандемијата со коронавирусот

За тоа како нашите секојдневни навики влијаат на ширењето на заразата од коронавирусот и што …