(ФОТО) Спектакуларна фотографија: Од небото се симна „ангел“ – му здодеало на небото!

Планинар и фотограф од Велика Британија фатил фрапантна фотографија од ретка оптичка појава во атмосферата која изгледа како од небото да се симнува ангел, а околу него е виножито…
Фотографот Ли Хаудли (33) шетал по националниот парк Peak District во Велика Британија кога забележал таинствена сенка од маглата на планината околу која се наоѓало виножито.
„Изгледаше како ангел кој се симнал од небото, како горе да му здодеало“, напишал фотографот на еден пријател на Инстаграм.
Станува збор за редок феномен кој се вика „Брокенски спектар“ (Brocken spectre), поточно за оптичка појава во атмосферата. Кога Сонцето е ниско и зад грбот на набљудувачот, може во планините или повисоки градби на горната површина слој магла или облак да се види многу зголемена сенка на набљудувачот.


View this post on Instagram

The Brocken Spectre. It Was The First Time I Have Encountered This Rare Weather Phenomenon. My Shadow Looked Miles Long Overlooking The Edale Valley From Mam Tor, Peak District. #yourbritain #dailymirror #welivetoexplore #getoutside #uk_shooters #nationalparks #gloriousbritain #mamtor #peakdistrict #peakdistrictphotography #derbyshire #thelensbible #nature_wizards #rural_love #ukpotd #unitedkingdom🇬🇧 #gloriousbritain #canonphotography #bbcnews #nature_brilliance #earth_shotz #photosofbritain #1ukshot #mytelegraph #landscapephotography #ukscenery #countryside #bestukpics #instabritain #bbcbritain


A post shared by Lee Howdle | UK – Midlands (@leehowdle) on


Појавата настанува на ист начин како и виножитото, со кршење на зрак на светлина на капки вода. Називот „Брокенски спектар“ е според приказната за голема жена која ги протерувала луѓето од гората Брокен во Германија. Ако наоколу се видат сенки и обоени кругови, станува збор за брокенски спектар или глорија.
Ли одел кон Мам Тор, брдо високо 517. метри блиску Кастлетон, а мистичните фотографии „ги снимил“ со својот „Канон“, марка 5d Mmk4.
„Тој ден намерно тргнав на планината бидејќи знаев дека облаците ќе се соберат на пониски висини, а тогаш на планината над облаците, можете да видите чисто небо. Кога се качував, облаците и понатаму беа околу мене, а кога во еден момент се свртев на левата страна, таму беше ‘ангелот’ во круг на виножито.
Знаев дека не станува збор за ангел туку за мојата сенка, но појавата сеедно беше волшебна за да се види и фотографира“, порачал фотографот.

Како одел понатаму, видел овца, а истиот спектар на бои од виножито се појавил и околу неа. Го фотографирал и животното и заклучил дека може да биде среќен што ја видел појавата бидејќи досега само читал за неа на интернет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ споделила фотографија од Дијана и Новак: Оставила краток и јасен коментар за својата свекрва!

Новак Ѓоковиќ вчера постигна голем спортски успех Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои десеттата …