(ФОТО) БАЛИ БЕГ ИМА ПРОБЛЕМИ СО КРИМИНАЛЦИТЕ: Поради луксузната вила стравува за синот!

Не се надевал дека ситуацијата вака ќе се развива…
Популарниот актер Бурак Озѓивит, кој се стекна со светска слава, сега се соочува со сериозни проблеми.
Бурак и неговата сопруга Фахрија Евгениј станаа родители на синот Каран пред помалку од една година, но во меѓувреме Турчинот се соочува со проблеми со криминалците во врска со луксузната вила што ја купил во близина на Истанбул.

“Проблемот се појавил кога Бурак дознал дека некој друг се интересира за имотот и дека цената не му е важна. Бидејќи актерот прв дал аванс, вториот купувач останал без куќата. Наскоро станало јасно дека другиот заинтересиран купувач е член на криминалното милје и дека не му се допаднал фактот што останал без вилата што по секоја цена сакал да ја стави на листата на својот имот“, рекол извор близок на актерот за странските медиуми.

View this post on Instagram

#cannes

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on

На актерот, наводно, му се заканиле дека ќе зажали дека токму таму купил куќа вредна повеќе од два милиони евра. Отпрвин Бурак се игнорирал, но сфатил дека криминалците се сериозни кога почнале да се закануваат дека ќе го киднапираат неговиот син, па тој се обратил до надлежните служби.

View this post on Instagram

@burcunozcivit ⚡️

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on

„Тој верува дека сè ќе биде решено, но секако дека не му е сеедно. Тој ангажираше телохранители без кои не ја напушти куќата, а има и кои се постојано тука за Фахрие и Каран и се надева дека драмата ќе заврши што е можно поскоро“, рекол извор близок на актерската двојка.
„Целата ситуација довела до тоа Бурак повторно да посети психијатар“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЖИВОТОТ ПИШУВА ДРАМИ: „Шансите да преживеам ми беа 8% – Ракот ми ги спаси бракот и кариерата!“

Размислувањето за смрт за Дебора Џејмс е секојдневна рутина во последните три години. Планирала сè. …