Утре во НОБ изведба на балетската претстава „Самсон и Далила“

Во деновите на љубовта, Националната опера и балет ве кани да уживате во приказната што на сцената ги носи страста, заведувањето, предавството и смртта. Библиска приказна, која ја обработува вечната борба помеѓу ДОБРОТО И ЗЛОТО. Дозволете вашите емоции овој пат да ги разбранува балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс, во сабота, 15 февруари, 2020г. со почеток во 20 часот
Претставата е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Евтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго
Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на www.operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Директорот на фотографија на „Медена земја“ снима документарец во Вухан: Во видео обраќање го опишува животот во тој град

Фејми Даут – еден од двајцата директори на фотографија на македонскиот документарен филм „Медена земја“ …