(ФОТО) Тројца браќа заболеле од рак, а имаат помалку од шест години!

Петгодишниот Тристан, тригодишниот Кајсон и шестгодишниот Картер сите имаат ретинобластом, што најчесто ги погодува малите деца.
Тоа е ретка форма на рак, при што момчињата и нивните родители, Арон Раш и неговата сопруга Енџи, од Марета, Џорџија (САД) сега ја имаат најголемата борба.
Семејството живее во неизвесност затоа што не знаат колку долго ќе треба да се лекуваат момчињата или колку долго ќе можат да платќаат за лекување, додека живеат во страв дека едно од децата ќе остане без око, како што се случило со нивната мајка.
На мајката, Енџи Раш и бил откриен ретинобластом кога била бебе, а без левото око останала кога имала само шест месеци. Ракот може да биде наследен, така што лекарите ги предупредувале родителите дека има околу 50 проценти шанси и нивните деца да се разболат.
Редовните одења на лекар и на терапија создаваат голем психолошки стрес, но имаат и проблем со парите. Тие морале да ја продадат куќата и да се преселат кај родителите на Енџи.
Пред пет години, на најстариот син му бил дијагностициран карцином
Борбата започнала во 2015. година, кога на најстариот Тристан, кој имал само еден месец, му бил откриен ретинобластом. Тоа е болест која влијае на мрежницата, тенок слој на ткиво што го обложува задниот дел од окото и ја претвора светлината во сигнали што стигнуваат до мозокот. Најчестите симптоми се бели дамки во зеницата кога окото е изложено на светлина, црвенило и отекување на очите.


Доколку туморот се победи додека е уште во окото, повеќе од 95 проценти од пациентите се излекуваат, според болницата „Свети Јуда“.
Тристан одел во детската болница во Атланта секој месец на магнетна резонанца, хемотерапија и ласерска терапија.
На вториот син ретинобластомот му бил дијагностициран на раѓање
Две години подоцна, парот добил уште еден син, Кајсон, на кого болеста мубила дијагностицирана кога се роди и исто така бил подвргнат на лекување. Пред шест месеци, Енџи го родила Картер, кој бил здрав до 6. јануари оваа година, кога му беше дијагностициран тумор во двете очи.
Енџи и Арон се надеваат дека нивната приказна ќе поттикне добра волја кај луѓето да донираат пари за научно истражување на ракот кај децата.
„Повеќе донации ќе ги намалат несаканите ефекти, децата може да поминат помалку време во болницата и да имаат нормален живот“, се наведува на нивната страница GoFundMe, каде собираат пари за да ги покријат трошоците за лекување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто луѓето ги оставаат партнерите кои ги сакаат?

Најтежок дел од секој љубовен однос е раскинувањето, дури ако и сами сте го иницирале …