(ФОТО) Тимур Дибиров со порака до фановите: „Сега е момент за сите нас да се обединиме и да покажеме дека Вардар бил и ќе биде!“

Осипувањето на шампионскиот тим на „Вардар“ продолжува, но „староседелецот“ во тимот се обрати до навивачите…

Тимур Дибиров на својот Инстаграм профил сподели фотографија од „Вардар“ во шампионскиот состав покрај која напиша:
„Драги фанови, знам дека сега ние сме во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани, но сега е момент за сите нас да се обединиме и да покажеме дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш и сите заедно да дадеме поддршка кога е најтешко. Ве повикувам сите во салата и да покажеме што е љубов. Заедно можеме да направиме се.

Ракометниот клуб „Вардар“ од ден на ден осиромашува со играчи. По вчерашната најава дека заминуваат Криштопанс и Атман, познавачите велат дека заминувањата ќе продолжи најверојатно и во иднина бидејќи свое заминување најавиле уште и Шишкарев потоа голманот Калифа Гебдан, Скубе, Дисингер и Толедо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГОЛЕМИ ЗАСИЛУВАЊА – Пеколниот план на Гвардиола од 330. милиони евра: „Сити“ довел двајца, бараат уште четири играчи!

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола сака да донесе уште четири играчи во Манчестер Сити до почетокот …