„Мојот маж“- премиера на Драмски театар според расказите на Румена Бужаровска

Од колажот раскази на авторката Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ на сцената на Драмскиот театар на 15-ти февруари премиерно ќе биде изведена претставата „Мојот маж“…
Се обидовме да нурнеме во нашите мисли и да трагаме по нашата психа. Да отвориме некои горливи прашања за нашето општество и преку отварање на некои ранливи точки, да проговориме за најголемите стигми и табуа кои се длабоко вкоренети во македонскиот конзервитизам и патријархат. На искрен и реален начин воспоставуваме дијалог со публиката. Вака ја гледа претставата „Мојот маж“ режисерката Нела Витошевиќ.
Горди сме што поставуваме на сцената текст на еден светски автор како што е Румена Бужаровска, велат актерите. Во претставата даваме парче од својата душа, искрени чувства, стравови. Во процесот на работа на претставата се зближивме и си помогнавме меѓусебно. На сцената изнесуваме и наши, актуелни проблеми и си помагаме да ги надминеме, велат.
Во претставата „Мојот маж“ присутноста на театарска спонтаност и кај актерот и кај гледачот доведува до ослободување и отвора простор за различна театарска перспективност, вели екипата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп –  Изложба „Ликовни предели“ на Драган Најденовски

На 7 Август /петок/ од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде …