(ФОТО) Македонецот кој се роди на 8.000 метри во авион на ЈАТ утре полни 42. години: Еве каде живее и како изгледа!

Јатко е единствениот човек во светот каде што во местото на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.
Австралијанецот Јатко Тодев со потекло од Македонија, добил доживотно бесплатно летање со авион од авиокомпанијата ЈАТ, затоа што во 1978. година, се родил за време на летот за Сиднеј.

Јатко е роден на 13. февруари за време на летот Б-707, кој летал од Југославија до Австралија. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај.

Јатко раскажува дека папочната врвца ја пресекле со ножици, а ја дезинфицирале со виски. Кум бил пилотот, кој управувал со авионот. Јатко го добил името во чест на авиокомпанијата ЈАТ, сега позната како Ер Србија.

Јатко е единствениот човек во светот каде што во местото на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI. Иако добил можност бесплатно да лета до било која дестинација во светот, Ратко ниту еднаш не го искористил овој подарок. Тој сега со семејството живее во Австралија.

Извор: курир.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 26.11.2020: Претерувате во она што го очекувате од саканата личност…

Овен Љубов: Размислете како треба да ги надминете семејните недоразбирања. Вие сте задоволни со насмевката …