ВНИМАВАЈТЕ: Еден знак на вашето лице,на кој не му обрнувате внимание, може да биде симптом за рак на белите дробови!

Надуеноста исто така може да се појави и во пределот на вратот.

Ракот на белите дробови ретко кога дава рани симптоми кога болеста е на самиот почеток…
Како и кај многу други видови тумори и ракот на белите дробови очигледно симптомите ги дава дури кога болеста е во поодмината фаза.
Сепак, еден знак на вашето лице може да укажува на развивање на ракот на белите дробови, а станува збор за нешто што може да го забележите и да го занемарите.
Ракот на белите дробови е еден од најчестите во светот.
Многу е важно да внимаваме на помалку важните и сокриени симптоми за болеста да ја откриеме навреме, затоа што лечењето е поефикасно доколку навреме ја откриеме болеста.

Постојат мали знаци на кои можеби не им давате поголемо значење, но еден од тие знаци се наоѓа на вашето лице.
„Многумина мислат дека отеченото лице е алергиска реакција“, велат од Центарот за истражување на ракот на белите дробови, а пренесуваат од британскиот „Експрес“.


„Сепак надуеноста на лицето може да биде резултат на опструкција на горната вена која што е главен венски крвен сад на горната половина од телото“.
Таа ја носи венската крв богата со јаглерод диоксид од главата, вратот, горните екстремитети и органите во градниот кош во десната преткомора на срцето.
Опструкција на работата на оваа вена се случува кога ракот на белите дробови се развива во нејзина близина и почнува да ја притиска или пак да се проширува во лимфните јазли кои се наоѓаат во нејзина близина.
Надуеноста исто така може да се појави и во пределот на вратот.
Уште еден симптом кој не смеете да го занемарите е промената на прстите – кога отекуваат и стануваат видливо поголеми.
Тоа е знак дека ни недостасува кислород во крвта, а тоа може да биде знак на развивање на рак на белите дробови.


Друг симптом е наглото губење апетит или пак необјаснето губење на вашите килограми.
„Губењето килограми најчесто се случува кај оние луѓе кои се заболени од рак на белите дробови, рак на дебелото црево или пак рак на панкреас“.
Заболените од рак на белите дробови имаат проблем со џвакање и голтање, а со тоа може да се појават и мачнини и губење апетит.
Останати симптоми за рак на белите дробови се:
– Кашлање кое трае две до три седмици
– Кашлање кое со текот на времето се влошува
– Инфекции на плуќата кои се повторуваат
– Кашлање проследено со повраќање
– Болка при дишење и кашлање
– Чувство на замор и недостаток на енергија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пробајте го овој трик и тоалетот секогаш убаво ќе ви мириса!

Една мајка од Австралија, во група на Фејсбук, споделила едноставен трик, а тоа направило бура …