(ВИДЕО+ФОТО) Мајка (44) се пофалила со фотографија од стомакот: Го чека 22. дете

Најголемото семејство на Велика Британија брои 24 члена – родители, 21 дете и со нетрпение ја чека пориновата. 44-годишната Сју Радфорд за два и пол месеци ќе го роди своето 22-ро дете.
Гордата мајка напредокот го бележи на социјалните мрежи, а сега со 208.000 обожаватели споделила како изгледа трудничкото стомаче на 30-тата недела од бременоста.
„Јас сум толку горда што 22. човечки суштества ми пораснаа во стомакот“, напишала Сју,добивајќи повеќе од 11.000 лајкови и добила бројни пораки за поддршка и охрабрување.
44-годишната мајка ќе роди бебе девојче
„Ми се чини дека со секое ново бебе изгледате поздраво. Очигледно сте голем родител“, коментирало едно лице. „Неверојатни сте“, напишало друго.
Сју на свет ќе донесе девојче, и таа веќе се договорила за термин на индуцирано породување.

Со 48-годишниот сопруг Ноел и 21. дете, живее во дом со десет спални соби, а единствен извор на приход е платата на нивниот татко, кој работи како пекар и детскиот додаток од 170 фунти што го добиваат секоја недела.
Модерните родители сè потешко се одлучуваат и за едно дете, а ова семејство има 22. деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕ ИМ Е ЛОШО ВО КАРАНТИН: Кејт и Вилијам објавиле фотографии од нивната раскошна палата!

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца – Џорџ (6), Шарлот (4) и Луис (1) …