Би-Би-Си снима ТВ-серија со Грета Тунберг

Телевизиската корпорација Би-Би-Си ќе снима документарна ТВ-серија со 17-годишната активистка за климатски промени, Грета Тунберг.
„Серијата ќе ја следи светската одисеја на Грета, што ја постави на првите борбени линии на климатските промени и ја однесе на најнеобичните места на Земјата, каде што таа истражува каква штета веќе е направена и што може да се преземе“, се вели во објавата на Би-би-си.


Проектот беше најавен вчера, но сè уште нема подробности околу датумот на прикажување, како ни за бројот на епизоди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Несудените водителки на „Еми“ позитивни на корона

Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот се одржа престижната церемонија на доделување на наградите „Еми“, …