Награда од 600.000 денари од Град Скопје за „Медена земја“

Градот Скопје ќе додели парична награда во вредност од 600.000 денари за авторската и актерската екипа на документарниот филм „Медена земја“. Ваква одлука се очекува да донесе Советот на Град Скопје, на денешната седница.

„Оваа награда се доделува за придонесот на ова филмско ремек-дело за афирмација на нашата земја и култура во светот, како и за промоција на вистинските човечки вредности и односот кон животната средина од која зависиме и која треба да ја чуваме. Градот Скопје со овој чекор ја потврдува својата заложба за поддршка и афирмација на културата, со надеж дека ваквиот позитивен однос ќе ги поттикне културните работници да творат и да создаваат незаборавни дела“, соопшти град Скопје.

Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов освои многубројни награди на престижни филмски фестивали низ светот, а беше номиниран и за „Оскар“ во категориите најдобар документарец и најдобар странски филм. Приказната за Атиџе, одгледувачката на диви пчели, ги освои срцата на гледачите, но и на филмските работници, и испрати силна порака за важноста на здравата и чиста животна средина и за зачувување на рамнотежата во природата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …