Какво време не очекува од денес!

Новата работна седмица започна со нешто повисоки температури, но со самото тоа во делови на земјава и облачноста започна постепено да ни се зголемува…

Па така веќе почнувајќи од денешниот ден (вторник) па се до самиот крај од веќе започната работна седмица подрачјето на Македонија ќе има променливи временски прилики. Што значи во следните неколку дена не очекува променливо облачно и потопло време со локални и повремени сончеви периоди. Продорот на облаци во наредниот период ќе носи и локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Според прогнозистичките модели повеќе услови за врнежи, колку толку, ќе има особено во западната и северната половина од државата, но не мора да значи дека нема да проврне и во останатите подрачја но само локално.

Од југ ќе има прилив на нешто потопол воздух што ќе придонесе пораст на температурите, а тоа може да се осети кај нас дури и оваа вечер. Ова ќе овозможи на места и поинтензивно темпо на топење на снежната покривка, онаму каде што веќе ја имаме. Температури во просек би се движеле од +6 до +13 С, а локално понекаде и до околу +15 С. Прогнозистичките модели барем од сега гледано не даваат сигнал за сериозни зимски сценарија во наредниот период.

Временската прогноза ја подготви Денис Муховиќ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОТКАЗ ЗА НАСТАВНИЧКА ОД МАРИБОР: Активистка против вакцина одбила да биде имунизирана и тестирана за корона вирус

На наставничка во Основно училишта во Марибор и била врачено решение за престанок на работниот …