ВЕТУВАЊЕ „КОЛКУ ДА СЕ КАЖЕ“ – Владата немала правна основа за доделување државна награда за екипата на „Медена земја“

„Министерството за култура ја известува Владата дека во прописите од областа на културата, вклучително и Законот за културата и филмска дејност, не е содржан правен основ за донесување одлука за давање на државна награда и месечен паричен надомест.
Согласно Законот за државни награди, Министерството за култура ги врши стручните, финансиските и администативните работи во врска со доделувањето на наградите „11 Октомври“, „23 Октомври“, „22 Ноември“, „Св. Климент Охридски“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „Мајка Тереза“ и „Мето Јовановски“.
За Наградите во Законот е утврдена постапка за доделување на наградите по пат на конкурс, предлогот за доделување на наградата го дава Одбор именуван од Собранието, а наградите еднаш годишно ги врачува Претседателот на Собранието.
Исто така ве известуваме дека во Буџетот на државата за 2020 во делот за култура нема обезбедено пари за оваа намена“, пишува во дописот до Владата што го испратило Министерството за култура.

Од Министерството за култура ѝ сугерираат на Владата, бидејќи во Нацрт-записникот не е прецизиран начинот и времето на доделување на наградата и висината на надоместот, таа да донесе соодветен акт за доделување на еднократен паричен износ за протагонистите и екипата соодветно како со ракометарите на Вардар.
„Средствата ќе се обезбедат од резервите на Буџетот на државата“, пишува во дописот од Министерството за култура.
На таа седница одржана на 21. јануари, Владата го задолжи и Министерството за животна средина и просторно планирање да организира серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, а Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука, да организираат емитувања на филмот „Медена земја“ за сите средни училишта во земјата, на Универзитетите и во домовите на култура, „за широка афирмaција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот“.
„Медена земја“ не доби Оскар но во изминатата година ја прослави Македонија во целиот свет.Освоија неброени награди, признанија и го свртеа вниманието на светот на една малечка земја во која се прават одлични филмови. Но, покрај тоа што „Медена земја“ беше и е ценета во светот, но тоа треба некој да го прави и дома…Бадијала ветувања…
Извор:republika.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …