„Медена земја“ не доби Оскар но во изминатата година ја прослави Македонија во целиот свет.Освоија неброени награди, признанија и го свртеа вниманието на светот на една малечка земја во која се прават одлични филмови. Но, покрај тоа што „Медена земја“ беше и е ценета во светот, но тоа треба некој да го прави и дома…Бадијала ветувања…
Но, екипата на македонскиот докуметарен филм „Медена земја“ нема да добие државна награда како што ѝ вети Владата, бидејќи немало правна основа за тоа, а за парична наградата ќе се снаоѓаат од резервите на Буџетот.

„Медена земја“ во Лос Ангелес, за жал, не доби Оскар, иако беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар интернационален филм, но остави белег и’ во македонската но и светската кинематографија
Владата на сединцата одржана на 21 јануари одлучи протагонистите на документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова и семејството Хусеин и Љутвие Сам со осум деца, да добијат материјална помош и домови. „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов испиша историја со тоа што стана прв македонски филм кој доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и најдобар интернационален филм. Продуцент е Атанас Георгиев, а кинематографери се Самир Љума и Фејми Даут.

Покрај бројните награди на фестивалите, непосредно пред Оскарите Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ ја добија и наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34. доделување на наградите на Асоцијата на кинематографери на Америка (ASC -The American Society of Cinematographers).
Владата на седницата одржана на 21 јануари разгледувајќи ја информацијата за владините акативности поврзани со протагонистите и филмската екипа на „Медена земја“ во точката 2 го задолжи Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на петчлената екипа која го сними филмот, а наградата треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест.