Атлетичарката Дрита Ислами во посета на ЈП Комунална хигиена – Скопје

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска имаше средба со младата атлетичарка Дрита Ислами.
Како претставник на Атлетската федерација на нашата земја, Дрита Ислами има учествувано на бројни меѓународни натпревари, како и на Олимписките игри во Рио, а неодамна таа постави нов национален рекорд во трчање на 400 метри. Во претстојниот период, Ислами ја очекува учество на балканското првенство во Истанбул, како и на европското првенство во трчање што ќе се одржи во Париз.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ја поддржи Дрита Ислами, со цел таа да продолжи со своите успешни настапи на европските и на светските првенства. Од неа ќе очекуваме на младите генерации да им ја пренесе пораката дека животната средина се заштитува само преку совесно и правилно постапување со отпадот.”- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ -Го ставила стапот меѓу градите и одиграла одличен потег…

Пејџ Спиранац, популарна американска голферка со хрватско презиме, веќе е прогласен за една од најубавите …