(ФОТО) ЉУБОВНИКОТ И БИВШИОТ СОПРУГ ГИ НАТЕРАЛА ВО ДВОБОЈ ДА СЕ БОРАТ ЗА НЕА: Сега е осудена на повеќе од 20. години затвор!

Една жена и нејзиниотљубовник, сексуален престапник се осудени на повеќе од 20. години затвор за убиство на нејзиниот поранешен сопруг за време на „средновековниот дуел“ во тунел во Источен Лондон.
Аста Јускауски (35) го убедила нејзиниот нов 25-годишен партнер, Мантас Кведарас да се бори против таткото на нејзината ќерка, Гидруис Јускаускас. Како што е кажано, таа на двајцата им рекла дека победникот ќе ја прими неа како награда.
Но, во конфронтацијата која следела, Кведарас – осуден силувач – во рок од неколку секунди го убил својот невооружен и пијан ривал, прободувајќи го 35. пати во градите, вратот и лицето.
Убиството се случило во раните утрински часови на 17. јуни минатата година во Нухам. Следниот ден, двајцата љубовници славеле со излегување на пијалок, пренесува Independent.

Јускауска, во петокот, е осудена на 24 години затвор, откако беше прогласена за виновна за убиство и опструирање на правдата. Нејзиниот љубовник добил 22-годишна казна откако признал дека го убил бившиот сопруг на неговата љубовница.
Двојката започна врска преку социјалните медиуми додека Кведарас издржувал затворска казна во Литванија – земја од која потекнуваат и двајцата – за сексуален напад врз тинејџерка.
Кведарас тогаш пристигна во Велика Британија за да се сретне со Јускауски, само пет дена пред таа да ја организира неговата борба со 42-годишниот Јусукаскас, кој исто така е по потекло од таа балтичка држава.

Обвинителот рече дека станува збор за „средновековен дуел“ чии учесници играле по различни правила и биле со различни способности.
„Јускаускас бил многу пијан. За разлика од Кведарас, тој не бил склон на насилство. Тој бил невооружен“, рекол обвинителот, кој додал дека помладиот човек бил насилен во затворот.

Според сведокот, Јускауска им кажала на пријателите дека сака мажите да се борат околу неа и дека ќе остане со оној што победи.
„Мислам дека ќе си играм сè додека не се доведам во неволја. Претпоставувам дека ги сакам ризиците и опасностите“, рекла осудената жена на пријателка, кој тие зборови ги повторила на суд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом д-р Хаим Абраванел во Битола

За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во ЗД д-р …